Атрактивна Швајцарка откри како поминала една ноќ со Нејмар (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преселбата во Париз му отвори на Нејмар цел свет на атрактивни девојки со кои може да ги слави победите и да се теши по поразите.

Бразилецот зад себе има голем број врски со многу манекенки и актерки, а на познатата листа се спомнати 20 поранешни девојки. Со некои бил во врска, со некои само се „запознал“.

Една таква има сега во Швајцарија. Станува збор за 20-годишната Лиза Брито, која откри дека тие имале односи во февруари и дека Нејмар ја пронашол преку свој пријател.

„Бев со пријателите во Париз. Тогаш ме повика најдобриот пријател на Нејмар, ми кажа да дојдам во хотел, каде што се забавувавме. Разговаравме за тетоважи за кои сме двајцата луди. Дали ја поминавме заедно ноќта? Да, ја поминавме…“, раскажа Лиза.

Лиза на Инстаграм има околу 24.000 фанови, а меѓу нив повеќе не е Нејмар, а тоа доволно зборува дека нешто се случило меѓу нив.

„Би сакала повторно да го видам“, призна атрактивната девојка.