По Карачиќ уште еден стандарден ракометар си заминува од Вардар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вардар очигледно ќе претрпи нов егзодус на ракометари кои од следната сезона нема да го носат дресот на нашиот шампион.

Откако заминувањата ги официјализираа Даинис Криштопанс (ПСЖ), Рожерио Мораеш (Веспрем) и Игор Карачиќ (Келце) во Вардар стравуваат дека ќе останат без уште неколку стандардни првотимци.

Имено, за крилниот ракометар на вардарци, Иван Чупиќ сериозно загриза тимот на Мешков Брест кој го посакува Хрватот во своите редови. За Чупиќ има интерес и од екипи од Бундеслигата, па постои веројатност да си замине од Скопје по крајот на оваа сезона.

Освен Чупиќ од Вардар би можел да си замине и бомбардерот Вуко Борозан за кого интерес има од речиси сите големи екипи во Европа.