Почина директорот на трките во Ф1, Чарли Вајтинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на трките во Формула 1 и делегат за безбедноста во натпреварувањето, Чарли Вајтинг почина на 67-годишна возраст во Мелбурн.

ФИА денеска објави дека поради здравствени проблеми, Вајтинг не успеал да се избори до крај за својот живот, па починал на ден пред стартот на новата сезона во Ф1.

„Со голема тага соопштувам дека почина нашиот Чарли. Го познавав многу години, беше одличен директор на трките во Формула 1, тој беше навистина важен дел од овој фантастичен спорт“, кажа Жан Тод, претседателот на ФИА.

Вајтинг во 1977 година ја почна кариерата во Формула 1, откако работеше во екипата на Хескет Рејсинг. Дури 20 години подоцна беше поставен за директор на трките во ФИА, па ова е голема загуба за „најбрзио циркус“ во светот.