Се подготвува нова трансфер-бомба: Ќе дадеме сè од себе за да го ангажираме Мбапе! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе со одличните настапи во дресот на ПСЖ и Франција привлече големо внимание на себеси, па многу европски гиганти на лето ќе се обидат да го купат Французинот, иако тоа е речиси невозможа мисија.

Еден од нив е Реал Мадрид, кој наводно е подготвен да плати дури 300 милиони евра за неговите услуги, но досега немаше конректен потег од „кралевите“.

„Тутоспорт“ денеска објави приказна дека по потписот на Мбапе ќе тргне и Јувентус, кој ќе направи сè за да го купи младиот напаѓач.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи наводно кажал дека ќе дадат сè од себе за да потпишат со Мбапе, а „Тутоспорт“ ретко грешки кога станува збро за вест од Торино.

Сепак, сигурно ги очекуваат тешки преговори со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој претходно имаше изјава дека Мбапе е дете на клубот, а децата не се продавале.

Мбапе, од друга страна, сезонава постигна 29 голови и 15 асистенции на 33 натпревари.