Кратко траеше првата тренерска авантура: Сколск по само еден месец поднесе оставка од Олдам


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс стави крај на тренерската авантура во Олдам.

Сколс си замина од клубот кој се натпреварува во Лига 2, четврто по ранг натпреварување во Англија, само еден месец откако беше назначен за нов предводник на клубот.

„Со големо жалење објавувам дека одлучив да го напуштам клубот. До крај се надевав дека ќе ги одработам 18те месеци како менаџер на клубот кој го поддржував целиот мој живот. Фановите, играчите, моите пријатели и моето семејство знаеја колку горд и  возбуден бев кога се нафатив да ја работам оваа работа.

Им посакувам на фановите, играчите и стручниот штаб се најдобро во останатиот дел од сезоната. Јас ќе продолжам да ве пратам и да навивам за клубот“ –истакна Сколс по својата оставка која дошла по наводно несогласување со првиот човек на клубот.