Тотенхем бил блиску до ангажман на Бејл, но трансферот пропаднал поради една причина

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека Тотенхем и Реал Мадрид биле блиску до договор околу можна позјамица на Герет Бејл, но дека ваквиот трансфер пропаднал во последен момент.

Причината за тоа била што Тотенхем не можел да ги исплати барањата на велшкиот интернационалец.

Герет Бејл заработува 12 милиони евра годишно, и не сакал да се откаже од тие пари за да се врати во Лондон.

Преговорите се одвивале минатото лето, а по катастрофалната сезона, сега Тотенхем би можел да го добие Бејл и по намалена цена.

Advertisements