Челси го растури Динамо Киев, драма во Русија (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По натпреварите од 19 часот познати се првите три учесници во четвртфиналето од Европа Лигата.

Челси по триумфот во Лондон со 3:0 во реваншот го демолираше Динамо Киев со 5:0 и со вкупни 8:0 избори пласман во следната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.

Салцбург славеше победа против Наполи со 3:1, но тоа не беше доволно затоа што Наполи во првиот дуел победи со 3:0, па клубот од Австрија мораше да победи со четири гола разлика, со оглед на фактот што прими еден погодок на домашен терен.

Вистинска драма видовме во Русија каде Кубан Красондар беше блиску до пласман во четвртфиналето, но радоста ја спречи Гуедеш кој постигна гол во 93. минута за 1:1. Во првиот натпревар Валенсија победи со 2:1.