Познато што ќе се случи со Тухел по шокантната елиминација од Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најеминентниот француски медиум „Л’Екип“ пренесува дека од таборот на ПСЖ подготвуваат нов договор за актуелниот менаџер на клубот, Томас Тухел.

Во следните неколку недели ПСЖ и официјално ќе ја достави понудата за продолжување на соработката на уште една година со Томас Тухел кој иако беше шокантно елиминиран од Манчестер Јунајтед, во Франција е апсолутен владетел.

ПСЖ во моментов има 17 поени предност пред второпласираниот Лион, а челниците на клубот се задоволни од работата на германскиот стратег.