Фактите не лажат: Кои се фаворити во Лигата на шампиони?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тотенхем ќе игра против Манчестер сити, Ливерпул е фаворит во средбата против Порто, Манчестер јунајтед и Барселона се третиот четвртфинален пар во Лигата на шампиони, а Јувентус е во предност против Ајакс.

Во продолжение може да прочитате дел од фактите за секоја од меѓусебните дуели во четвртфиналето.

Јувентус – Ајакс

Кога станува збор за меч меѓу овие две екипи, Ајакс никогаш не победил против Јувентус во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ова ќе биде нивниот прв меч во оваа фаза од натпреварувањето, уште од полуфиналето кое го играа во 1996 година, кога Јувентус славеше со 6-2.

Кристијано Роналдо во елитното натпреварување постигна седум голови против Ајакс, а има постигнато единствено повеќе против Баерн (девет).

Масимилијано Алегри никогаш во ЛШ не го победил Ајакс, против нив има три нерешени резултати и еден пораз.

Ливерпул – Порто

Ливерпул нема никогаш загубено од Порто, имаат три победи и три ремиња.

Садио Мане својот единствен хет-трик во ЛШ го постигна токму против Порто.

Порто минатата сезона беше елиминиран токму од Ливерпул со вкупен резултат од 5-0.

Тотенхем – Манчестер сити

Ова е прв меѓусебен дуел во Европа за тие две екипи.

Манчестер сити лани во ЛШ беше елиминирана од англиски тим и тоа од Ливерпул.

Последните три натпревари меѓу овие две екипи завршија со победа на „граѓаните“.

Манчестер јунајтед – Барселона

Ова ќе биде прв натпревар меѓу двете екипи уште од финалето во 2011 година, кое го доби Барселона со 3-1.

Манчестер јунајтед никогаш не славел на „Камп Ноу“.

Барселона загуби само два од 41 натпревар против клубови од Англија. Тие имаат 27 победи, 12 ремиња и два порази

Лионел Меси постигна 22 голови против клубовите од Англија. Тоа е повеќе од било кој друг фудбалер во ова натпреварување