Нова сезона, стара приказна: Хамилтон освои пол-позиција во Мелбурн (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обожавателите на Формула 1 со нетрпение го чекаа почетокот на новата сезона, а првата трка ќе ја гледаме традиционално во Мелбурн.

Веќе со години трките за Големата награда на Австралија ја почнуваат новата сезона во Ф1, а така беше и овојпат. Во претходните денови тимовите имаа неколку тренинзи, а утрово беа возени и квалификациите.

Иакое нова сезона, сепак уште на почетокот беше забележана доминација на Луис Хамилтон, кој ја освои пол-позицијата.

Зад него е тимскиот колега Валтери Ботас, а тоа покажува дека Мерцедес сезонава влегува подготвен. Од трето место ќе тргне возачот на Ферари, Себастијан Фетел, а по него следуваат Макс Ферстапен и Леклер. Во топ 10 се уште и Грожан, Магнусен, Норис, Раиконен и Перез.