Коби Брајант ги изненади Американците: Србија може да нè победи на Светско првенство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Коби Брајант ќе ги извлече топчињата и ќе реши со кого ќе игра Србија на Мундобаскетот во Кина.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата наскоро ќе ги откри противниците на нашиот северен сосед, а новинарите му поставија интересно прашање на легендарниот кошаркар.

Еден новинар го интересираше дали Србија има шанси против „дрим-тимот“ на Америка.

„Мислам дека Србија тоа го може. Секој може да победи на турнирот. Мораме д абидеме подготвени, зашто може да загубиме“, одговори поранешната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс.

Со него се сложува и ѕвездата на Сакраменто, Богдан Богдановиќ.

„Верувам дека може да испишеме историја. Мислам дека не треба да се задоволиме со сребро. Важно е да бидеме здрави, да бидеме гладни за успех и сигурен сум дека ќе имаме добар резултат“, објаснува Богдановиќ.