Познати се групите на Светското кошаркарско првенство во Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска беше одржана ждрепката за Светското кошаркарско првенство, кое ќе се одржи во август и септември годинава, а домаќин ќе биде Кина.

Од нашиот регион се пласираа само Црна Гора и Србија на Мундијалот во Кина, а Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија беа елиминирани во квалификацискиот циклус.

Србија помина многу добро и во групата ќе игра против Ангола, Филипини и Италија, додека Црна Гора ќе има потешка мисија бидејќи е во група со Грција, Нов Зеланд и Бразил.

Група А: Брегот на Слоновата коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија