Харден испиша уште еден рекорд во НБА (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хјустон синоќа славеше против Феникс со 108-102, а секако, повторно најдобар беше актуелниот МВП, Џејмс Харден.

„Брадата“ игра неверојатна кошарка и сезонава, па повторно е еден од главните кандидати за наградата најкорисен кошаркар, а синоќа уште еднаш испиша историја во најсилната лига во светот.

Харден против Феникс постигна 41 поен, 11 асистенции, девет скокови, шест украдени топки и три блокади, а таков учинок до денеска не е забележан во НБА-лигата.

Ѕвездата на Хјустон стана прв кошаркар кој на еден меч постигнал повеќе од 40 поени, 10 или повеќе асистенции, пет или повеќе украдени топки  три или повеќе блокади уште од 1973 година, кога првпат се води статиката за блокади.