Хамилтон ги стигна легендарниот Шумахер и Сена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска ја освои пол-позицијата пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија.

Актуелниот светски шампион го извозе најбрзиот круг за 1.20,486 и така стигна до 84-та пол-позиција во кариерата.

Петкратниот шампион по осми пат во кариерата ќе тргне од првата позиција. Тој го израмни рекордот на Михаел Шумахер и Ајртон Сена, кој по осум пати освојуваа пол-позиција на една трка.

Од првиот ред ќе стартува колегата на Хамилтон, односно Валтери Ботас, кој беше побавен за 0,112 секунди.

Трето време имаше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, а по нив следуваат Макс Ферстапен и Шарл Леклер од Ферари.

Трката за Големата награда на Австралија се вози утре од шест часот наутро.