Фактите не лажат: Солскјер и Јунајтед ќе ја елиминираат Барселона од ЛШ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона повторно во Лигата на шампиони (ЛШ) ќе игра против тим со кој има добри спомени. Тие во финалето на ЛШ во 2009 година го победија Манчестер јунајтед со 3-1.

Сепак, Јунајтед игра одлично по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер, па Барселона нема да има ниту малку лесна задача против нив.

Сепак, „Камп ноу“ враќа убави спомени и за Солскјер, кој на тој стадион го постигна победничкиот гол во 93. минута за освојување на ЛШ.

Постојат неколку факти поради кои во Манчестер јунајтед би можеле добро да ги намачат Каталонците.

Силни во скок игра

Тоа е нивната најголема предност, токму таа висина. Сепак, оваа надмоќ не им донесе многу голови колку и стабилност во одбраната. Тие постигнаа само пет гола со глава сезонава.

Чувство на непобедливост

Победата против ПСЖ во мечот во кој играа без десет повредени фудбалери им донесе неверојатна самодоверба.

Неверојатниот Пол Погба

Погба е најдобар пример за промената и напредокот под водство на Солскјер. Додека играше под водство на Жозе Мурињо, настапи на 20 натпревари и постигна пет голови и четири асистенции. А, под водство на Солскјер тој постигна осум голови и шест асистенции во 14 настапи.

Лажна деветка или класичен напаѓач

Има подготвена тактика за секој меч. Некогаш тоа е Лингард како лажна деветка, а тоа е некогаш Лукаку како класичен напаѓач.