Што се случува со Мбапе: Забележливо лут и без традиционална прослава, го проследи својот погодок против Марсеј?! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ славеа против Марсеј со 3:1 во големото дерби во рамки на француската Лига 1.

ПСЖ докажа дека доминира во Франција и дека тешко е некој да им парира, но игрите во Европа се тотално спротивни.

Во центарот на вниманието по синоќешниот меч се најде Килијан Мбапе кој постигна еден погодок и промаши пенал.

Мбапе во финишот на првото полувреме ја погоди мрежата на Марсеј за 1:0, но потоа имаше прослава на погодокот за која сите зборуваат.

На него јасно се гледа дека е лут, а тоа веројатно е поради жестоките критики кога ПСЖ беше елиминиран од Лигата на шампионите.

Од Мбапе синоќа не ја видовме неговата традиционална прослава на погодокот, па многумина сфатија дека нешто не е во ред во таборот на Парижаните.