Дојде крајот: Интер ја одреди цената за контроверзниот Икарди…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Приказната помеѓу Интер и Мауро Икарди се чини е завршена, бидејќи аргентинскиот напаѓач на крајот од сезона најверојатно ќе го напушти овој клуб.

Икарди веќе еден месец е надвор од сите планови на Лучано Спалети и натпреварите на својот клуб во поголемиот дел ги следи од трибините. Се почна откако му беше одземена капитенската лента, а потоа Аргентинецот одби да тренира и игра.

Прво порача дека не може да игра поради повредата на коленото, а потоа со прегледите беше утврдено дека не ја зборува вистината. Сепак, Икарди се уште го нема во екипата, а приказната за повредата се уште му е прва причина.

Но, веќе сега е јасно дека тешко повеќе ќе го гледаме Икарди во дресот на Интер оваа сезона, па изгледа дека на лето ќе ја промени средината. Мадридски АС објави дека Интер се откажал од нов договор и дека се подготвени да го продадат Икарди.

Неговата откупна клаузула е 110 милиони евра, но Интер ќе биде принуден да прифати и помала сума. Како што се наведува, ја наведоа цената од 80 милиони евра што секако е „мамец“ а многу клубови.

Тој најмногу се поврзува со преминување во Јувентус и Реал Мадрид, но се чини дека Кралевите се нешто поблиску до негово доведување.

Икарди оваа сезона одигра 28 натпревари и постигна 15 погодоци. Последниот меч го одигра уште на почетокот на февруари.