Балотели се налути и порача: Престанете со лагите за мене!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Синоќа беше одиграно големото дерби во француската Лига 1, кое го доби ПСЖ против Олимпик Марсеј со 3-1.

Анхел Ди Марија имаше свое шоу на „Паркот на Принцовите“, а по завршувањето на натпреварот во светските медиуми се појави интересна информација поврзана со Марио Балотели.

Балотели, наводно, под дресот на Марсеј носел маичка со ликот на Маркус Рашфорд, кој сакал да го покаже доколку постигне гол против Парижаните.

На таков начин, Балотели сакал да ги „пецне“ Парижаните кои беа елиминирани од Лигата на шампиони, токму со голот на Рашфорд од пенал.

Сепак, шпекуалциите на медиумите очигледно не биле вистина бидејќи го налутија Италијанецот, кој се огласи на социјалните мрежи.

„Ова е лага! Престанете со лажните вести за мене“, напиша Балотели на Инстаграм.