Покетино јасно истакна кој е фаворит за европската круна оваа сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем го идентификуваше единствениот тим кој јасно се издвојува во трката за Лигата на шампионите оваа сезона.

Маурисио Покетино се подготвува за четвртфиналната пресметка од најелитното еворпско натпреварување против Манчестер Сити.

Во интервју за „Мундо Депортиво“ Покетино ги искажа своите размислување за тоа кој тим е фаворит за освојувањето на Лигата на шампионите.

„Барселона има одлични играчи, феноменални, но имаат и еден генијалец кој не изненадува од ден во ден. Ако постои фаворит за освојување на Лигата на шампионите, тогаш тоа е Барселона- тие се чекор над сите останати“ –истакна Покетино.