Неверојатни бројки на Меси: Аргентинецот има подобра статистика и од најдобрите клубови во Еворпа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само еден клуб постигнал повеќе погодоци од слободни удари од Лео Меси сметано од почетокот на сезоната 2011/12.

Барселона вчера со 4:1 славеше против Бетис и со тоа ја зголеми бодовната предност во однос на Атлетико Мадрид на 10 поени.

Лео Меси постигна уште еден хет-трик, а сите и денес зборуваат за неговиот трет погодок, преубавиот лоб од врвот на казнениот простор.

Сепак, неговиот прв погодок беше од слободен удар, а во таа категорија Меси е посебно доминантен во европски рамки. Тоа беше 25. гол од слободен удар за Аргентинецот од сезоната 2011/12.

Во тој ист период, Меси постигнал повеќе голови од сите играчи на Реал Мадрид, Лион, Рома и ПСЖ. Единствениот клуб кој има повеќе погодоци од Меси е Јувентус, каде Дибала, Пирло, Пјаниќ погодиле 29 пати.