Жозе Мурињо знае кој достојно ќе ги замени Меси и Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многумина се прашуваат што ќе биде со фудбалот кога Меси и Роналдо ќе се пензионираат, односно дали ќе биде некој толку добар за да ги замени.

Меси и Роналдо полека влегуваат во финишот од својата кариера и на многумина им е јасно дека нема да ги гледаме уште долго на фудбалските терени.

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е уверен дека нема да биде тоа Нејмар, бидејќи не е веќе толку млад, но тој изјавува дека знае кој ќе се искачи на тронот.

„Меси и Роналдо нема да бидат уште долго тука и сите се прашуваме како ќе изгледа фудбалот кога тие ќе се пензионираат. Нема многу играчи кои можат да ги заменат, за мене постои само еден играч. Нејмар веќе има 27 години, но Килијан Мбапе е потенцијал да биде најдобар во светот“, рече Мурињо и продолжи:

„Тој ме воодушевува со своите игри и многу го сакам фактот што сеуште е тинејџер. Неговите квалитети не се во прашање и ќе видиме што иднината ни носи. Мбапе може да биде достојна замена за Меси и Роналдо и неговото време допрва доаѓа“.