Мистеријата на Југославија: Тито им продал меч на Германците за 700 милиони марки! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Србија во Волфсбург игра пријателски меч против Германија пред подготовките за квалификациите за Европското првенство во 2020 година, но повторно во хрватските медиуми актуелна беше темата за мечот меѓу Југославија и Западна Германија од 1974 година на Светското првенство.

Хрватскиот новинар Томислав Жидак пишува дека поранешниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито им го продал мечот на домаќините за дури 700 милиони марки.

Југославија на 26 јуни 1974 година во рамки на групата Б играле против домаќините и биле поразени со 0-2, со головите на Брајтнер и Милер.

Тие имаа одличен тим, кој можеше далеку да стигне. Но, по ремито со Бразил (0-0) и декласирањето на Демократската република Конго (поранешен Заир) со 9-0, избраниците на Милјан Милјаниќ не можеа да ја совладаат Германија.

А, само 24 часа претходно Тито по првпат во животот ја посетил Германија, во намера да извлече кредит од 700 милиони марки, со кој би требало да избегнат банкрот, а маршалот ден пред мечот со Германија имал прием во Дизелдорф во хотелот „Парк“ на кој биле и тогашните репрезентативци.

Кредиот никогаш не бил вратен и се поставува прашањето дали тоа беше цената за фудбалскиот пораз на Југославија, која им овозможи на легендарната германска генерација на Бекенбауер, Милер, Маер, Брајтнер и останатите да го освојат светскиот трон.