Навивачите имаат што да кажат: Алексис со отворена изјава за статусот и можностите во Манчестер Јунајтед…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез конечно проговори за своите желби врзани за иднината.

Тој во Манчестер Јунајтед стигна во јануари 2018. година, но не оправда ниту половина од вложените пари. Англиските медиуми на големо го селат во другите екипи, а во разговор за Инсајд Јунајтед одлучи да понуди малку верба на навивачите на „Црвените ѓаволи“ дека насокор ќе дојдат подобри денови .

Тој јасно даде до знаење дека има намера да ги усреќи навивачите на овој клуб.

„Сакам да продолжам да покажувам љубов кон фудбалот. Знам што можам да направам. Имам верба во своите можности“, истакна Алексис и додаде:

„Јунајтед е важен клуб, не само во Англија туку и во светот и би сакал да помогнам за навивачите да се радуваат на нови трофеи. Секако дека сакам навивачите на Манчестер Јунајтед да ги направам среќни. Сакам да постигнувам погодоци. Сакам да уживаат“.

„Како мал навивав за Манчестер Јунајтед. Се колнам. Како мало дете го сакав Јунајтед и сакам тоа да го покажам. Сакам да им носам на луѓето радост секако“, порача Алексис.

Инаку, тој оваа сезона одигра вкупно 23 натпревари, постигна само два погодоци и запиша четири асистенции.