Челси ептен ја утна со напаѓачите: Игуаин си заминува од Лондон!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На раководството на Челси не му одговараше Алваро Мората, зашто не беше Шпанецот во добра форма, иако мора да признаеме дека за тоа влијаеше и повредата која ја имаше откако се пресели во Лондон. Сепак, тие планираат сега да го вратат и Гонзало Игуаин назад во Јувентус.

Челси сезонава остана да се бори само за трофејот во Лига Европа, но и за место во топ-4 во англиската Премиерлига, а дефинитивно на клубот му треба квалитетен напаѓач, кој нема како да го ангажираат бидејќи им е забрането да прават трансфери во наредните два преодни рока.

Игуаин не го освежи нападот на Челси како што се очекуваше, па од пристигнувањето во Премиерлигата постигна три гола за 575 минути, но тоа дефинитивно не е доволно за напаѓач.

Неговата позиција е поврзана со тренерот Маурицио Сари, кој доколку добие отказ, тоа автоматски ќе значи и заминување на Аргентинецот од клубот.