Абрамович го продава Челси за три милијарди евра на британски милијардер!?

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович се соочи со голем проблеми во Велика Британија, откако властите не му дадоа виза, па поради тоа реши да го продаде лондонскиот клуб.

Богатиот Русин го искористи своето еврејско потекло за да извади израелски пасош за да може да престојува во Лондон, но поради лошиот третман на властите реши да се ослободи од имотот кој го има во Англија.

Лондонски „Тајмс“ пишува дека Абрамович почнал сериозни преговори со бизнисменот Џими Ретклиф за продажба на клубот, а притоа одредил цена од 2,5 милијарди фунти, што е повеќе од три милијарди евра.

Ретклиф, кој официјално е најбогатиот Британец, е роден во Манчестер и тој е голем навивач на Јунајтед, но сезонава купи сезонска карта за Челси за да ја покаже приврзаноста за клубот, кој има намер ада го купи.

Advertisements