Барселона ја постави цената за Кутињо и е подготвена да ги слуша понудите

Од таборот на Барселона ја поставиле цената според која ќе го пуштат бразилскиот интернационалец, Фелипе Кутињо да си замине од клубот.

„Калчомеркато“ пишува дека Каталонците за услугите на офанзивниот фудбалер ќе бара околу 85 милиони фунти.

На големо се шпекулира дека Бразилецот ќе си замине од Барселона наскоро, а интерес за него наводно има од Манчестер Јунајтед.

Кутињо би пристигнал на „Олд Трафорд“ на помалку од две години по заминувањето од Ливерпул.

Advertisements