Азар уште еднаш се огласи по најавите дека ќе го засили Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на Челси, Еден Азар уште еднаш се огласи во јавноста по најавите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Белгиецот и овој пат не сакаше да одбие трансфер во редовите на „Кралскиот клуб“, а по доаѓањето на Зидан шансите за реализација на ваков трансфер се уште поголеми.

„Сакам да блеснам во дресот на Челси во следниве неколку месеци и да се обидам да ја освојам Европа Лигата. Оваа недела размислувам за Белгија, а потоа повторно ќе размислувам за Челси. Штом сезоната заврши, ќе размислам убаво и ќе видиме што ќе се случи“- истакна Азар за „ВТМ Њус“.

Advertisements