Алексис не се откажува од Јунајтед: Сакам да му донесам трофеј на овој прекрасен клуб

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез во ексклузивно интервју за „Инсајд Јунајтед“ говореше за неговото време поминато во клубот.

Чилеанецот потенцираше дека посакува да освојува трофеи со Манчестер Јунајтед и откри дека верува во своите способности.

„Сакам да продолжам да ја покажам мојата љубов кон фудбалот. Знам дека го можам тоа, верувам во моите квалитети. Манчестер Јунајтед е еден многу важен клуб, не само во Англија туку и на светско ниво, а јас сакам да помогнам да се донесе трофеј за навивачите. Искрено, сакам да ги направам навивачите на Манчестер Јунајтед среќни, сакам да постигнувам голови и да им донесам радост“- коментираше Алексис.

Advertisements