Арсенал на лето ќе стори се за да го донесе фудбалерот на Атлетико Мадрид

Португалскиот таблоид „А Бола“ пренесува дека Арсенал го обновил интересот за Желсон Мартинс од Атлетико Мадрид.

„Топчиите“ беа заинтересирани за Португалецот и во јануарскиот преоден рок, но тогаш не успеаја да го донесат играчот кој се реши да се пресели во Монако.

Сега 23 годишниот фудбалер игра одлично во дресот на Монако, а на лето ќе се врати во таборот на Атлетико Мадрид кој јасно даде до знаење дека не го посакува во својот тим и е отворен за негова продажба.

Advertisements