Таткото на Антонио Валенсија откри: Имаме четири опции, меѓу кои се Интер, Вест хем..

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија дефинитивно нема да остане на „Олд Трафорд“ по сезонава, а тоа го потврди и неговиот татко Луис.

Луис во разговори со „Ел Универсо“ порача дека на многу работи во животот им доаѓа крај, па така и на соработката меѓу Антонио и Јунајтед.

„Тој дефинитивно нема да остане во Манчестер. Тој сака промена, а ниту клубот не е заинтересиран да му го продолжи договорот. Како и многу други работи во животот, така и на ова му дојде крајот. Сепак, Арсенал, Интер  Вест хем се како опции, како и еден клуб од Кина“, кажа Луис.

Инаку, Валенсија игра во Манчестер од 2009 година, а на „Олд Трафорд“ стигна од Виган атлетикс.

Advertisements