Легендарниот Касиљас потпиша: Уште една година на „Драгао“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што е официјално објавено на сајтот на Порто, Касиљас останува во клубот и во по тековната сезона.

Искусниот 37-годишниот чувар на мрежата на „Драгао“ пристигна во 2015. година од мадридски Реал, па стана и најплатен играч во екипата.

По 149 надтапи во Примера и речиси четири сезони во клубот, Касиљас останува во Порто и следната сезона.

Се пишуваше во шпанските медиуми дека има клаузула во договорот, по одиграни 30 или повеќе натпревари во сезоната автоматски да му се продолжи соработката на уште една година.

Иако на официјалниот сајт на клубот не е обелоденето на колку е продолжена соработката, јасно е дека Касиљас за Порто ќе брани уште следната сезона.

Легендардниот шпански голман со Порто освои една титула во првенството и еден португалски Суперкуп.