Погба со една изјава го здрма Островот и најави трансфер во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба со денешната изјава поврзана со евентуален трансфер во Реал Мадрид повторно ги наполни светските медиуми.

Имено, во пресрет на натпреварите со Молдавија и Исланд со репрезентацијата на Франција, Погба на прес конференцијата проговори и за Реал Мадрид.

„ Како што кажав и претходно, Реал Мадрид е сон за секого. Тоа е еден од најголемите светски клубови. Таму е исто така и Зидан како тренер и играње таму е сон за секого. Засега јас сум фудбалер на Манчестер Јунајтед, но не знаеме што носи иднината“ –коментираше Погба.

Со заминувањето на Мурињо запреа шпекулациите околу евентуалното заминување на Погба од Манчестер Јунајтед, но по најновата негова изјава сигурно ќе читаме многу повеќе за негово евентуално заминување во следните неколку месеци.