Солскер отпиша пет фудбалери, меѓу нив и голема звезда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвежанецот “прави” свој тим

Норвешкиот тренер Оле Гунар Солскер го препороди Манчестер Јунајтед со своето доаѓање во клубот и би требало да остане на клупата на Јунајтед и во наредните сезони.

Како што тврдат англиските медиуми, тој веќе во својата глава има замислено како би изгледал составот на Јунајтед во наредната сезона, а веројатно во тој состав нема да има пет фудбалери кои биле до сега.

Порталот Manchester Evening News пренесува дека Солскер ги отпишал Антонио Валенсиа, Маркос Рохо, Матео Дармијан, Хуан Мата и Алексис Санчез.

Секако, најголемиот губиток на Јунајтед би бил заминувањето на Мата и Санчез, но со обзир на нивните одиграни натпревари во оваа и минатата сезона, навивачите најверојатно нема да имаат причина многу дa негодуваат.

Освен споменатите пет фудбалери, Солскер наводно ќе сака да отпише уште двајца така што би направил простор за некои нови играчи кои планира да ги доведе.