Откриен е новиот изглед на дресот на Барселона: Дали е ова најдобриот избор?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потсетува на дресот на Хрватска.

Екипата на Барселона во наредната сезона ќе има нови дресови.

Специјализираниот портал FootyHeadlines го објавил изгледот на новите дресови на каталонскиот великан за наредната сезона, а неговиот дизајн е многу интересен и занимлив.

Наместо црвените и сини вертикални линии, по кој е Барселона позната, од наредната сезона на дресот ќе има коцки и дресот многу ќе личи на оној кој го користи репрезентацијата на Хрватска.

Ракавите од двете страни ќе бидат во сина боја, додека имињата на спонзорите ќе бидат на левиот ракав и на предниот дел на дресот.

Барселона планира новиот дрес да го претстави во мај или во јуни. Тоа ќе зависи од тоа дали ќе игра финале во Лига на Шампиони на 1 Јуни во Мадрид, бидејќи не сакаат презентацијата на новите дресови да се одржи додека се старите дресови сеуште во употреба.

Ако порано се опростат од тоа натпреварување, претставувањето на новите дресови кои ги дизајнираше Најк ќе биде одржано дури во мај.