Одредена цената за Кутињо: За неколку понуди самиот вели „не доаѓа предвид“…?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фелипе Кутињо преде повеќе од една година пристигна во Барселона како големо засилување од Ливерпул.

Платен е околу 135 милиони евра, стана трет најплатен играч во клубот од „Камп Ноу“ со плата од околу 280 илјади евра неделно.

Сепак, не ги оправда очекувањата, оваа сезона запиша девет погодоци и пет асистенции на 26 настапи, од што 16 пати стартуваше, а од јануари не запишал ниту еднаш 90 минути на теренот.

Се погласно се зборува за неговото можно заминување од Барселона, а како што се наведува клубот од Каталонија ја постави и цената за неговите услуги.

Подготвени се да го продадат за 80 милиони евра, што е далеку помалку од квотата која на сметката на екипата од „Енфилд“ ја платија за неговите услуги.

Се споменува враќање во Премиер лигата, дури и во редовите на Ливерпул, но и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги, но изгледа дека Бразилецот не е заинтересиран за враќање на Островот.

Имено, семејството на Кутињо не е навикнато на живот во Англија и тие би сакал да продолжи на друго место.

Така, како фаворит за негов потпис се издвојува ПСЖ кој би сакал да го парира со долгогодишниот пријател Нејмар.

Некогашниот фудбалер на Интер и Ливерпул нема ништо против тоа да заигра во Париз со сонародниците, Нејмар, Тијаго Силва, Маркинјос и Даниел Алвеш, а јасно е и дека ПСЖ е сосема способен да ја плати бараната сума на Барселона, како и на Кутињо да му понуди пристојни примања.