Димитриевски останува уште една година во Синфин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дарко Димитриевски го продолжи договорот со Синфин до истекот на наредната сезона, односно крајот на 2019/20.

Шпанскиот клуб му ја продолжи соработката на македонскио повреден репрезентативец, кој ќе ги брани боите на клубот во АСОБАЛ лигата.

Сезонава левиот бек стана еден од најважните ракометари во одбраната на Синфин, додека во нападот исто така помага многу, па во моментов е петти стрелец во тимот со 51 гол постигнат во домашниот шампионат.

Негова најголема ефикасност е постигнување голови од пенали, па има ефикасност дури од 89%, но има и многу голови од девет метри, односно 23 вкупно.

Димитриевски е среќен што ја продолжи соработката со шпанскиот клуб и се надева на нови успеси во екипата.