Икарди се враќа веќе против Лацио: Заврши „шестнеделниот инает“…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди денес се врати во екипата на Интер.

По шест неделни 26-годишниот фудбалер се придружи на остатокот на екипата на тренинг, што му е прво појавување од 13. февруари.

Икарди се одлучи на „штрајк“ откако поради изјава на неговата сопруга Ванда му беше одземена капитенската лента. Како што се наведува тоа е поради повреда на коленото, но прегледите не покажале никакво оштетување.

Сепак, по повеќе од еден месец се одлучи да се врати. Денес го одработи тренингот со остатокот на екипата и многу е можно да конкурира за мечот против Лацио на 31. март.

Аргентинецот во последно време често се поврзува со заминување од клубот. Речиси е извесно дека тоа на крајот и ќе се случи, а Нероаѕурите за него поставија цена од 80 милиони евра.

Интерес за неговите услуги има. Како што се наведува веќе Реал Мадрид и Наполи ги претставиле своите понуди, а се споменува и торински Јувентус.

Оваа сезона Икарди одигра 28 натпревари и постигна 15 погодоци за Интер.