Коби Брајант жали поради една работа во својата кариера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант откри во разговори за американските медиуми дека негова најголема неисполнета желба му била да заигра за Њујорк никс.

Брајант се пензионираше во 2016 година, а претходно 20 години го носеше дресот на Лос Анџелес лејкерс.

Во 2004 година по поразот во финалето од Детроит пистонс беше на чекор до заминување, но Лејкерс успеаа да го убедат да остане и го испратија Шекил О’Нил во Мајами хит.

Коби во богатата кариера освои дури пет шампионски титули во НБА-лигата, но му остана неисполнета желбата да заигра за Њујорк.

„Секогаш сонував да заиграм за Њујорк. Вистина е, ‘Медисон Сквер Гарден’ беше историска сала. Кога дојдов во НБА-лигата уште постоеја Чикаго и Бостон гарден, но во меѓувреме тие беа урнати. Секогаш сакав да играм во Њујорк“, вели Коби.

Коби во таа сала постигна 61 поен и тоа во февруари 2009 година и тогаш стана „гостински“ кошаркар со најмногу поени во салата, а подоцна се израмни со Џејмс Харден.