Симеоне се скара со ѕвезда на Атлетико Мадрид – некој ќе „лета“ од Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Саул Нигез на лето ќе го напушти Атлетико Мадрид, иако има договор до шпанскиот тим до 2026 година, но очигледно нема најдобри односи со тренерот Диего Симеоне.

Овој фудбалер е важен дел од екипата на Атлетико и очигледно нешто не е во ред, а проблемите се создале откако Саул и Симеоне имале жестока караница пред неколку недели, по што Аргентинецот му кажал дека може да си ги спакува куферите и да си замине.

Оваа вест ги изненади навивачите на Атлетико, кои порачаа до управата дека мора да го задржи Саул и да ги поправи односите меѓу фудбалерот и Симеоне.

Но, очигледно тренерот на Атлетико не сака да попушти и поради тоа Саул наредната сезона ќе го гледаме во некоја друга екипа, а како еден од најголемите кандидати за неговиот потпис е Манчестер сити на Пеп Гвардиола.