Драма на мастерсот во Мајами: Шпанец се онесвести сред поен и остана да лежи (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голема драма се случи на теренот во Мајами, на мечот меѓу младиот Шпанец, Никола Кун и Миша Зверев.

Овој 19-годишен тенисер од Шпанија во еден момент во текот на мечот го фатија големи грчеви во грбот, па во текот на поенот падна на теренот и остана да лежи со болна гримаса на лицето.

Кун мораше да го предаде мечот при резултат 6-4, 5-7 и 2-2, а теренот го напушти во солзи.

Несреќниот тенисер не можеше да мрда од болки, кои беа неверојатни. Публиката беше во шок, а Зверев и тренерот веднаш потрчаа за да му дадат помош.

Неколку минути подоцна успеаа да го кренат и да му помогнат да се движи, а тенисерот со голем аплауз го напушти теренот.