Зголемен наградниот фонд на Ролан Гарос (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наградниот фонд на Ролан Гарос е зголемен за осум проценти, односно на 42,661 милион евра. Тенискиот сојуз на Франција потврди дека победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 2,3 милиони евра, а тоа е 4,55 % повеќе од лани.

Финалистите ќе добијат по 1,18 милиони евра, а тоа е зголемување од 5,36%. Најголемите зголемувања се од 15%, поточно 46.000 евра, а толку ќе добијат тие кои ќе се пласираат во првото коло од турнирот.

Тенисерите кои завршуваат во квалификациите во третото коло и не се пласираат во главната ждрепка ќе добијат по 24.000 евра, односно 14,29% повеќе од лани.

Победниците во машка и женска конкуренција во пари ќе зработат по 580.000 евра, а финалистите по 290.000 евра.