Кој вика дека репрезентативната пауза е досадна? Се враќаат Роналдо и Меси, на терен се и Французите…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На фудбалските терени во националните дресови се враќаат Кристијано Роналдо и Лео Меси, а на терените исто така ќе бидат и актуелните прваци на светото Французите, како и Англичаните…

Ако тргнеме со ред, најпрво не чека квалификациски натпревар за ЕУРО помеѓу Бугарија и Црна Гора. Таа средба е од 18.00 часот, додека сите други се од 20.45.

Англичаните ги очекува средба со Чешка, додека Французите во ист термин гостуваат кај Молдавија. Занимливо ќе биде на средбата Португалија – Украина во која се враќа Роналдо во репрезентацијата.

Кога се во прашање пријателските натпревари, на распоред се три меча и тоа Јапонија – Колумбија, Јужна Кореја – Боливија и Аргентина – Венецуела. Секако дека последната ќе биде најзанимлива со оглед на тоа што во дресот на Гаучосите се враќа Лео Меси.