Елмас ги турна Турците во транс, а ги воодушеви ладните Англичани! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна во првиот меч од квалификациите за Евро 2020, откако постигна два гола за Македонија во победата од 3-1 против Летонија.

Македонскиот фудбалер влезе од клупата за резерви на местото на Ферхан Хасани и веднаш успеа да постигне гол за 2-0.

Сепак, многумина ги воодушеви неговиот погодок во финишот на мечот за конечните 3-1, а колку беше добар погодокот зборува и коментарот од „Скај Спортс“.

Исто така, Турците беа воодушевени од настапот на Елмас за Македонија, па Фенербахче напиша дека тоа е нивни фудбалер.

„Сензацијата од Македонија и Фенербахче, Елиф Елмас постигна два гола за неговата репрезентација“, напиша турскиот клуб.