Азар: Куртоа се обиде да ме имитира, но проблемот е што е повисок од мене… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгискиот голман, Тибо Куртоа направи една од поголемите грешки во својата кариера кога синоќа против Русија му подари погодок на противничкиот тим.

Голманот на Реал Мадрид се обиде да им покаже на сите дека „знае со топката“, но подобро да не го направеше тоа бидејќи на Русите им ја предаде во нозе топката и тие знаеја тоа да го искористат и да погодат во тој момент за 1:1.

По мечот, новинарите го запрашаа најдобриот играч на Белгија, Еден Азар да го прокоментира потегот на Куртоа, а тој одговори:

„Тибо Куртоа гледаше доста видеа со моите потези и се обиде да ме копира. Проблемот е што фактот е дека тој е многу повисок од мене, па тоа не беше лесно…“, порача првата ѕвезда на Челси.

За потсетување, Белгијците на крајот славеа со 3:1, а Азар постигна два погодоци.