Хасани ќе го пропушти мечот против Словенија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани се повреди во првиот квалификациски дуел против Летонија (3-1) во Скопје, па нема да биде во конкуренција за мечот против Словенија во недела.

Хасани се повреди на стартот на мечот против Летонија, па мораше да биде заменет со Елиф Елмас, кој блесна и постигна два гола во победата на Македонија.

Официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека фудбалерот има скинато мускул и нема да може да им помогне на своите колеги од националниот тим.

Селекторот Игор Ангеловски нема да повика нов фудбалер на негово место, па очекуваме дека Елмас ќе го почне дуелот и против Словенија во Љубљана на 24 март во 20.45 часот.