Ново разочарување за Леброн, Лејкерс остана без плејоф!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс дефинитивно нема да играат во плејофот, откако синоќа загубија од Бруклин нетс на домашен паркет со 106-111.

Тимот од Лос Анџелес има резултат од 31-41 и во моментов се наоѓа на 11-та позиција на Западот, додека осмопласираниот Сан Антонио има 42-31.

Тоа значи дека најголемата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс нема да биде дел од плејофот за првпат по 14 години. Претходно тоа му се случи во 2005 година, кога беше член на Кливленд.

Леброн сигурно не очекуваше вакво нешто на почетокот на кариерата во славниот тим, но дефинитивно нема лесно да се откаже, а тоа го потврди и во својата изјава.

„Кралот“ синоќа постигна 25 поени, 14 асистенции и девет скокови, но тоа не беше доволно за Лејкерс да се спаси од пораз.

Резултати:

Торонто – Оклахома 109-116
Хјустон – Сан Антонио 111-105
Орландо – Мемфис 123-119
Кливленд – Лос Анџелес клиперс 108-110
Њујорк – Денвер 93-111
Милвоки – Мајами 116-87