Елиф Елмас – страв и трепет за Словенија! (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше одличен меч против Летонија, иако стартуваше од клупата за резерви, па успеа со два гола да обезбеди триумф за нашата репрезентација.

Неговиот настап го воодушеви целиот свет, а посебно вториот гол беше мајсторија, па сигурно со тоа ги исплаши нашите наредни противници, односно Словенците, а тоа го потврдуват и нивните медиуми.

Еден словенечки медиум објави фотографија од Елмас и порача дека тој е најголемата опасност кон голот на голманот Јан Облак.

„Младиот Турчин, кој е горд Македонец е најголема опасност за Облак!“, пишува словенечкиот медиум.

Дуелот против Словенија ќе биде вистински тест за капацитетот на оваа генерација на талентирани фудбалери, кои можеби ќе успеат повторно да ја израдуваат македонската јавност.