Мбапе му ги поставил своите услови на Реал Мадрид!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека во лето може да се случи еден од најголемите трансфери во историјата, а во главни улоги се Реал Мадрид и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Реал Мадрид одамна е заинтересиран за услугите на Мбапе, а наводно Французинот ги поставил своите услови на екипата, која сака да го ангажира.

Мбапе во ПСЖ со платени даноци заработува околу 13,2 милиони евра, а француските медиуми пишуваат дека „кралевите“ му нудат 15 милиони евра со платен данок.

Се споменува и опција Мбапе да стане најплатен француски спортист доколку се пресели во Реал Мадрид, ако ги земеме во предвид приходите кои ги има.

Покрај фудбалската плата, тој во моментов има договори со „Најк“ и „Хаблот“, па добива вкупно 24,7 милиони евра з една година.

Единствен пред него е фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, кој зарботува 33 милиони евра годишно. Покрај платата од 20 милиони евра од шпанскиот клуб, тој има договор и со „Пума“, „Хуавеј“ и „Жилет“.

Преселбата во ПСЖ на Мбапе би му донело и нови спонзори, зашто „кралевите“ имаат добар маркетинг, па тоа значи и исполнување на условите на младата француска ѕвезда, која сака поголема плата и повеќе спонзорски договор, доколку може да им веруваме на француските медиуми.