Херојот на Астон Вила од лето ќе игра во Северен Лондон?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем не се откажал од намерата во свои редови да донесе еден од најталентираните фудбалери, Џек Грилиш.

Фудбалерот на Астон вила веќе неколку години игра во Чемпионшип, а со своите настапи покажува дека има квалитет за Премиерлигата.

Тоа го препознаа во Тотенхем, а минатото лето наводно нуделе 30 милиони евра, но управата на Астон вила ја одби понудата.

Грилиш остана во тимот, а неодамна стана јунак во градското дерби, иако на почетокот доби удар од страна на еден навивач.

Тотенхем во двата претходни преодни рока не донесоа ниту едно засилување, па јасно е дека на лето ќе купува нови фудбалери.

Сезонава Грилиш настапи на 24 натпревари и постигна по четири гола и асистенции.