Македонија со различна тактика тргнува против Словенија (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација од 20.45 ќе игра против Словенија во вториот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година на „Стожице“ во Љубљана.

Селекторот Игор Ангеловски направи неколку промени во однос на тактиката и тимот во однос на тимот со кој играше против Летонија (3-1).

Македонија ќе игра во формација 4-4-2. На голот ќе остане Димитриевски, додека во одбраната ќе бидат Бејтулаи, Велкоски, Муслиу и Алиоски. Во средината од теренот ќе настапат Ристовски, Барди, Николов и Елмас. Додека во нападот ќе останат Пандев и Несторовски.

Досега Македонија и Словенија меѓусебе играа пет пати, во кои Македонија има дури три победи, а Словенците само еден триумф, додека еден дуел заврши реми.